Герасимовски: Нови вработувања и социјални услуги за граѓаните на Центар преку соработката со УНДП

Од:

Општина Центар и УНДП потпишаа Меморандум за соработка преку кој применуваат нов пристап и поддршка за вработување на жени и други ранливи групи на граѓани преку испорачување на социјални услуги за нега, помош и одмена на семејна грижа во домот и заедницата.

„Во рамки на Меморандумот, Општина Центар ќе основа Центар за испорачување на социјални услуги за нега во кој корисниците ќе можат да добијат 24 часовна грижа од сертифицирани негуватели.

Преку оваа соработка Општина Центар ќе ги активира невработените жени и лицата со попречености внесувајќи ги на пазарот на труд и овозможувајќи им вработување и истовремено ќе обезбеди социјални услуги за лица со попречености, стари лица, долгорочно болни лица и други ранливи групи на граѓани кои имаат потреба од нега, асистенција, помош во домот и одмена на семејна грижа“, велат од Општината.

„Општина Центар води грижа за рамномерни услови при вработување на сите свои граѓани. За таа цел гради партнерства кои носат развојни активности за унапредување на квалитетот на живот на лицата со попречености преку поддршка и создавање на инклузивни социјални сервиси“, се додава во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар