Десет лица загинаа во тајфунот што го погоди јужниот брег на Јужна Кореја, го соопштија утринава локалните власти новиот биланс на загинати.
Тајфун пропратен со обилни врнежи ја погоди Јужна Кореја на почетокот на неделата. Се верува дека тоа е најсилниот тајфун што ја погодил земјата во последните децении.
Повеќе од 4.700 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Тајфунот уништи околу 12.000 куќи и згради.
Речиси 90.000 домови останаа без струја низ целата земја. Иако тајфунот помина, многу домови сè уште се без електрична енергија, соопштија властите.
Јужнокорејските власти затворија повеќе од 600 училишта во земјата како мерка на претпазливост пред тајфунот, а локалните авиокомпании откажаа околу 250 домашни летови.
Извор: МИА