Бајден одби да ја означи Русија како држава спонзор на тероризмот

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Русија не треба да биде етикетирана како држава спонзор на тероризмот. Ова е ознаката за која се залагаше Киев среде руската инвазија на Украина, додека Москва предупреди дека евентуалното вклучување на Русија на списокот на земји кои го спонзорираат тероризмот ќе биде точка од која нема враќање од дипломатска гледна точка и поттик за целосен прекин на односите меѓу двете земји.

Запрашан дали Русија треба да биде означена како државен спонзор на тероризмот, Бајден даде директен одговор на новинарите во Белата куќа во понеделникот:

– Не.

Американските законодавци се залагаа и Русија да ја добие оваа ознака, потсетува „Гардијан“.

Директорот на Одделот за Северна Америка при Министерството за надворешни работи на Русија, Александар Дарчиев, ја коментираше иницијативата во американскиот Конгрес Русија да се прогласи за „спонзор на тероризмот“.

– Доколку биде усвоен, тоа би значело дека Вашингтон би ја преминал точката од која нема враќање, со многу сериозна колатерална штета на билатералните дипломатски односи, кои би биле драстично намалени или дури и прекинати. Американската страна е предупредена – изјави Дарчиев за ТАСС.

Вакви иницијативи имаше и порано, пред инвазијата на Украина, како на пример кога во 2018 година државниот секретаријат треба да размисли за додавање на Русија на листата на спонзори на тероризмот, заедно со Иран и Сирија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа