Бајден ќе настапи во Високонсин и Пенсилванија

Од:

Во САД денеска се слави Денот на трудот и претседателот Џо Бајден има закажано предизборни обраќања во Висконсин и Пенсилванија.

Неговите настапи се во пресрет на среднорочните избори на 8 ноември за кога неговиот тим се надева на победа на демократите и зачувување на мнозинството во Конгресот.

Во Пенсилванија Бајден ќе настапи за поддршка на кандидатите Џон Фетерман и Џош Шапиро, и пред синдикатите и организацијата на металурзите од челичарницата во Питсбург. Ова ќе биде трета негова посета на Пенсилванија за една недела.

Во Високонсин, пак, демократите се надеваат на повторен избор на демократскиот гувернер Тони Еверс. а посетата на Бајден ќе биде во поддршка на Монделе Барнс, да го симне актуелниот сенатор републиканецот Рон Џонсон.

Бајден во изминатите недели ја засили критиката кон поранешниот претседател Доналд Трамп и неговите поддржуваччи, а со намера да ја зголеми излезноста на демократите и да привлече внимание кај умерените републиканци.

Од своја страна, републиканците се надеваат да го вратат мнозинството во Претставничкиот дом, па дури и во Сенатот.

Традиционално, опозициската партија добива повеќе места на првите избори по доаѓањето на власта на новиот претседател. Но Бајден и неговиот тим сметаат на низата успеси со донесувањето важни закони и загриженоста на избирачите откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус, со што излезноста на демократските гласачи се очекува да биде зголемена.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Демократите бесни: Џо Бајден е виновен за катастрофалниот пораз

Предраг Петровиќ

Зеленски за прв пат се огласи за гафот на Бајден и „претседателот Путин“

A1on

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Хантер Бајден прогласен за виновен

Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Предраг Петровиќ

Американските муслимани започнаа кампања против Бајден

Горан Наумовски