Јубилејот, 100 години од првото Светско првенство, првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, има желба да биде прославен на европска почва. Верува дека организацијата на мундијалот во 2030 година ќе ѝ биде доделен на Европа.
СП оваа година ќе се одржи во Катар, а во 2026 година домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико.
Чеферин е сигурен дека организацијата на СП во 2030 година ќе го добијат Португалија и Шпанија.
„Ќе направиме сè што можеме за да помогнеме. Време е Европа да биде домаќин на Светското првенство и имаме некои планови за тоа“, изјави Чеферин и посочи дека последниот мундијал во Европа се одигра во 2018 година.
„Сигурен сум дека Светското првенство во 2030 година ќе се игра во Португалија и Шпанија, две земји што го чувствуваат фудбалот. Тоа е победничка понуда и ќе направиме сè за да им помогнеме на земјите што живеат фудбал и имаат одлична инфраструктура“, рече Чеферин.
Досега желба за домаќин на Светското првенство во 2030 година изразија Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле, кои како четири земји заедно би го донеле турнирот во Јужна Америка на 100-годишнината од првиот турнир во Монтевидео.
Тука е и кандидатурата на Мароко, заедничката кандидатура на Португалија и Шпанија, а медиумите шпекулираат дека е можна заедничка кандидатура на Грција, Саудиска Арабија и на Египет.
Извор: Топспорт