МВР ќе вработува информатичари и електротехничари

Од:

Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на неопределено време за девет лица со завршено високо образование од областа на информатичките технологии и две лица со завршено средно училиште од областа на електротехниката, информатиката, електрониката или телекомуникациите.

Како што соопшти денеска МВР, покрај стандардните услови за вработување, кандидатите треба да го познаваат англискиот јазик на работно ниво, а кандидатите кои имаат завршено средно образование при вработувањето ќе имаат предност доколку поседуваат возачка дозвола за Б категорија.

3аинтересираните кандидати треба да ги достават доказите за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он