Берлин можеби ќе мора да ја повлече својата војска од Мали, доколку властите на западноафриканската земја не ја осигураат потребната безбедност на германските војници.
– Свесни сме за нашата одговорност, нема да се повлечеме само при првите тешкотии,изјави министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок на прес-конференција во Берлин.
Таа додаде дека Берлин, сепак, ќе им каже на своите партнери од Мали што очекува од нив во однос на безбедноста на германските војници. „Ако тоа не се случи, ќе биде тешко да се остане“, изјави Аналена Бербок.
За ова прашање Германија се огласи и минатиот месец, кога објави дека однесувањето на воената влада на Мали ја попречува работата на Бундесверот во мировната мисија на ОН.
Извор: МИА