Пол Погба неодамна се најде во центарот на бизарен скандал кога брат му Матијас во видеообраќање најави дека ќе ја објави вистината за францускиот репрезентативец што ќе ја натера јавноста да го смени мислењето за него.
Во приказната се спомнува дека Погба преку врач го проколнал Килијан Мбапе, а играчот од средниот ред на Јувентус одговори дека со месеци е жртва на изнуда и дека неговите поранешни пријатели и братот Матијас го киднапирале и му барале пари, кои не им ги исплатил кога станал богат и славен.
Како што пренесува порталот „Франс инфо“, Погба признал дека навистина ангажирал врач. Сепак, играчот од средниот ред на Јувентус негира дека тоа го направил за таа да го повреди Мбапе. Тој тврди дека на овој начин сакал да ѝ помогне на една хуманитарна организација во Франција.
Погба додаде дека е убеден оти неговиот постар брат Матијас е под притисок на гангстери, кои сакаат да му наштетат. Според истиот извор, Погба веќе двапати го сменил бројот на мобилниот телефон во последниот месец за да се обиде да избегне рекет.
Светскиот шампион со „триколорите“ на крајот платил 98.000 евра од вкупно 13 милиони евра, сума што ја барале луѓето. Тој потоа се обратил и побарал помош и од италијанската и од француската полиција.
Сè тргна наопаку кога Погба беше принуден да избрка пријател од својата куќа во Манчестер бидејќи потрошил 200 илјади евра од неговата картичка. Пријателот потоа се здружил со други луѓе, кои сакале да му наштетат.
Извор: Топспорт