Георгиевска: Поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите, сите пратеници да ги поддржат измените

Од:

На предлог на надлежното министерство, Владата усови законски измени за поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите.Се укинуваат барањата до општината за да поставите фотоволтаик и сами да си произведувате струја.бнНаместо барање доволно ќе биде само да ја известите општината дека се поставува фотоволтаик со копија од лична карта, имотен лист за објектот или договор за закуп, како основен проект и документите од лиценцираната компанија која ќе го поставува рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска.

– Отстранувањето на досегашните административни пречки ќе им помогне на граѓаните и фирмите побрзо да доаѓаат до посакуваните фотоволтаици, особено значајно во време на енергетска криза. Со измените и дополнувањата на Законот за градење, се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати, а на стопанските објекти со моќ до 40 киловати. Овој предлог наскоро ќе се најде и пред пратениците во македонското Собрание. Очекувам и повикувам сите пратеници, да покажат одговорност и да ги поддржат овие законски измени вели Георгиевска.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство