Тешко повреден пешак откако во него удриле возило и мотоцикл и избегале од местото на несреќата

Од:

Вчера е пријавено дека околу 16,30 часот на крстосница од улицата „Васил Ѓоргов“ и улицата „Народен Фронт“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.Ј., 36-годишник од Кавадарци, а според пријавеното, во него удриле патничко возило и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, кои по незгодата го напуштиле лице местото, извести МВР.

– Д.Ј. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници