МЗШВ: До 21 септември се продолжува рокот за аплицирање по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата – Ја зголемуваме и поддршката на 5,7 милиони евра

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува заинтересираните апликанти по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата, дека по укажување на Телото за управување со ИПАРД преку одржаните информативни состаноци, за 15 дена се продолжува рокот за аплицирање на јавниот повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата. Новиот краен рок за аплицирање по оваа мерка сега е 21 септември 2022 година.

„Продолжувањето на рокот се врши по барање на заинтересираните апликнти, како би можеле навремено и во целост да ја комплетираат потребната документација за аплицирање по оваа мерка.

Јавниот повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата се однесува за финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Конкретно средства од оваа мерка се наменети за поддршка на проекти кои предвидуваат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, преработка на житарици, производство на мелнички продукти, растителни производи и масла, маснотии од животни како и производство на вино“, соопшти МЗШВ.

„Исто така со измените вкупната сума на финасиската поддршка за оваа мерка се зголемува од 5.028.568 евра на 5.785.728 евра, однсно 75% средства обезбедени преку ИПАРД програмата и 25% средства обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија.

Сите заинтересирани апликанти ќе можат да аплицираат со проекти за набавка на машини и опрема за производство и преработка, како и проекти кои предвидуваат поставување, односно инсталирање на фотонапонски панели за производство на енергија од сопствени потреби. Прифатливи корисници се сите правни лица кои влегуваат во рангот на микро, мали или средни претпријата.

Финансиските средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, (грант) во износ до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Република Северна Македонија стана земја лидер во регионот по искористеност на ИПАРД средствата, со висок процент од 97% искрористеност на неповратните средства за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Успешноста во реализацијата на овие проекти и успешните земјоделски политики ја потврди и Европската Комисија преку зголемувањето за 62%, односно на 97 милиони евра неповратни средства од Европската Унија за новата ИПАРД 3 програмата“, се наведува во соопштението на МЗШВ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата