Британија ќе инвестира 700 милиони фунти во нова нуклеарна централа

Од:

Велика Британија ќе инвестира 700 милиони фунти во новата нуклеарна централа Сајзвел Ц, изјави премиерот Борис Џонсон, кој следната недела ја напушта канцеларијата на Даунинг стрит.

„Сигурен сум дека ќе го средиме тоа во наредните недели. Ќе го решиме бидејќи би било апсолутно лудо тоа да не се направи“, рече Џонсон, сигнализирајќи дека Лондон ќе инвестира во францускиот проект ЕДФ.

Инвестирањето во нуклеарната енергија се совпадна со напорите на Велика Британија да ги задоволи енергетските потреби што е можно повеќе од домашното производство, со оглед на силниот раст на цените на енергијата, но и за намалување на емисијата на штетни гасови, пишува Ројтерс.

Велика Британија допрва треба да ги заинтересира приватните инвеститори во нуклеарната централа Сајзвел Ц. Францускиот ЕДФ соопшти дека централата може да чини 20 отсто помалку од нејзината нуклеарна централа Хинкли Поинт Ц, која во моментов се проценува дека чини меѓу 25 и 26 милијарди фунти.

Поголемото производство на нуклеарна енергија би ја намалило долгорочната зависност на Британија од природен гас, која сочинуваше околу 45 отсто од вкупното производство во 2021 година.

Владата ќе одвои пари за Сајзвел од резервираните 1,7 милијарди буџетски фунти за започнување на голем нуклеарен проект. Нуклеарната централа Сајзвел Ц би требало да почне со работа само за неколку години.

Нуклеарната централа „Хинкли Поинт Ц“ често ги пробиваше роковите, но и финансиската конструкција, со дополнителни трошоци кои беа измерени во милијарди фунти.

Во моментов се очекува Хинкли да започне со работа во 2027 година, десет години подоцна од првично ветеното.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година