Членови на климатско движење „Бунт против истребување“ упадна во британскиот парламент: Уапсени осум лица

Од:

Лондонската полиција денеска уапси осум лица, активисти на климатското движење „Extinction Rebellion” кои искористија организирана тура низ британскиот Парламент, за со супер-лепак да се залепат околу катедрата на спикерот на Долниот дом на Собранието.

Четворица демонстранти кои беа меѓусебно залепени набргу беа раздвоени и уапсени, мебелот на претседавачот во Парламентот не е оштетен.

Упасени се уште четири лица, од кои еден се искачил на скеле пред зградата, друг се залепил за тротоарот пред Парламентот, а останатите двајца се заклучиле со катинар за портата пред влезот во Собраниската зграда.

Неколку лица се фотографирани како испишуваат пароли пред Законодавниот дом.

Групата преку својот Твитер профил објави фотографија на пет лица во аудиториумот како држат транспаренти на кои пишува „Нека одлучи народот“; и „Граѓанско собрание – сега“.

Во инцидентот инициран од „Extinction Rebellion” биле вклучени 50 активисти на групата.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он