Медведев и се закани на ЕУ: Нема да има руски гас во Европа доколку се наметнат плафон цени за него

Од:

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека едноставно нема да има руски гас во Европа доколку Европската унија наметне плафон на цената за него.

„Ќе биде како со нафтата. Едноставно, нема да има руски гас во Европа“ – предупреди Медведев, реагирајќи на повикот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да се постават ограничувања на цената на рускиот гас што се испорачува во Европа, пренесува ТАСС.

Фон дер Лајен изјави дека оваа мерка е потребна „за да се запрат обидите на рускиот претседател Владимир Путин да манипулира со европскиот енергетски пазар“.

Би можело да ве интересира

Седумгодишно дете доби понуда за работа од руска ИТ компанија

А1он

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Русија потврди: Украинците лансираа американски проектили на наше тло

ВИДЕО: Украина првпат употреби американски ракети ATACMS за напад на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Објавена снимка од експлозијата на автомобил во која загина капетанот на Црноморската флота