Почнува изборната кампања во Босна и Херцеговина

Од:

Во Босна и Херцеговина денеска официјално почнува изборната кампања за општите избори што ќе се одржат на 2 октомври.

Претседателот на Централната изборна комисија, Суад Арнаутовиќ ги повика политичките субјекти да се придржуваат до Изборниот закон, да водат фер кампања и да не се користи говор на омраза.

– Да ги претстават своите програми, да водат фер кампања, да не користат говор на омраза или зборови што може да предизвикаат некого да употреби сила, да избегнуваат дискриминација, особено стереотипи за лица од спротивниот пол, апелираше Арнаутовиќ.

Тој нагласи гласачите да го дадат својот придонес со цел кампањата и целиот изборен процес да се одвиваат во демократски амбиент. Арнаутовиќ особено упати повик до младите да се вклучат во политичките процеси.

Медиумите беа повикани на еднаква и фер застапеност на сите политички субјекти и информирање на јавноста за сите прашања во врска со изборната кампања и изборниот процес, како што е пропишано со Изборниот закон на Босна и Херцеговина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски