Кривопаланчанец си ја силувал внуката. Пред неколку дена манијак од Охрид пипкал малолетнички, па им го покажал половиот орган.
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски е згрозен од ваквите настани, и потенцира дека педофилијата не е моментална реакција, туку кривично дело.
„Со максимална казна затвор да се казнат сторителите на грозоморните чинови од Крива Паланка и Охрид“ , побара министерот Ристовски.
„Злоупотребувачите на деца не размислуваат на строгиот закон и високите казни. Тие луѓе имаат сериозни здравствени проблеми, а доколку се докаже вината, барам максимална казна затвор за сторителите“, посочи Ристовски.