Казахстанскиот претседател повика на предвремени избори

Од:

Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев денеска повика вонредни претседателски избори да се одржат наесен и мандатот на претседателот да се ограничи на еден седумгодишен мандат наместо два петгодишни мандати.

Тој не прецизираше конкретен датум за избори, но рече дека ќе се кандидира за реизбор. Редовните избори би се одржале во 2024 година.

Токаев, кој ја презеде функцијата во 2019 година, повика на серија политички и економски реформи откако избувнаа насилните протести во јануари, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе.

Протестите беа поттикнати од наглото поскапување на горивата, но го одразија и големото незадоволство од политиката во земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан