Дубравка на позајмица во Манчестер јунајтед, Вилијан потпиша за Фулам

Од:

Бразилскиот ветеран Вилијан комплетираше шокантно враќање во Премиер лигата, потпишувајќи едногодишен договор со Фулам откако го раскина договорот со Коринтијанс. Поранешниот фудбалер на Челси и Арсенал си замина од Лондон во август 2021 да се врати во својата татковина, откако играше во Премиер лигата од 2013 година.

„Среќен сум што се вратив во Премиер лигата. Фулам е посебен клуб, клуб кој сака да се подобрува, да се бори за големи работи и тука сум да помогнам“, изјави Вилијан.

Манчестер јунајтед, пак, потврди дека го добива 33-годишниот голман Мартин Дубравка на едногодишна позајмица од Њукасл. „Ѓаволите“ платија 2 милиони фунти на ривалите и Словакот ќе се биде замена за Давид де Хеа, кој беше под критики на навивачите оваа сезона.

„Да се приклучиш на Манчестер јунајтед е посебен момент во мојата кариера и едвај чекам да почнам“, изјави Дубравка, кој е во Њукасл од 2018 година по трансферот од Спарта Прага, и има над 130 настапи за англискиот клуб.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане

А1он

Новиот тренер на Јунајтед: Ми рекоа или ќе дојдеш веднаш, или воопшто нема да дојдеш!

А1он

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ

Јунајтед потроши 84 милиони евра на отпуштените менаџери

А1он

Тен Хаг доби отказ од Манчестер Јунајтед

А1он