ЦИА го затвори одделот што се занимава со архивирање историски документи поради заштеди во буџетот, објави Лос Анџелес Тајмс.
Затворен е одделот на ЦИА кој поседуваше документи од кои е симната ознаката за тајност за советски шпиони, за тајната авијација на ЦИА во војната во Виетнам, за кубанската ракетна криза и други важни операции, наведува весникот.
Работите од тоа одделение ќе ги преземе одделот што е задолжен за барања врз основа на законот за достапност на информации од јавно значење.
Весникот пренесува дека експерти упатиле критики до ЦИА заради затворањето на одделот во кој истражувачи, научници, правници и историчари се упатени во својата работа.
Буџетот на ЦИА не е достапен за јавноста, и со тоа не се знае колку ќе се заштеди со затворањето на одделот, наведува Лос Анџелес Тајмс.