Противпожарните екипи на Мајорка го ставија под контрола шумскиот пожар кој уништи околу 480 хектари земја и поради кој беа евакуирани околу 200 лица, соопштија властите.
Во соопштението се наведува дека пожарот, кој изби на североисточниот дел на островот е ставен под контрола благодарение на добрите временски услови, пренесе „Франс прес“.
Пожарникарите во Шпанија, се борат со уште 15 пожари во централните и северозападните делови на државата, кои поради високите температури, силниот ветер и сувата вегетација, се случуваат се почесто.
Елена Георгиевска