Војник уби двајца офицери на ФСБ (Руската служба за безбедност), откако бил фатен како пие додека бил во униформа. Четворица офицери на ФСБ влегле во кафулето Food Fuel во Херсон, дел од Украина што моментално е под руска окупација. Таму агентите нашле двајца руски подофицери како пијат алкохол со двајца наредници.
Тие ги повикале војниците да не пијат алкохол додека се во униформа, по што наредникот извадил пиштол и пукал во подот. Офицерот на ФСБ се обидел да му го одземе оружјето, но потоа помладиот наредник пукал кон нив со калашников.
За време на пукањето, загина еден наредник и двајца офицери на ФСБ.