Најмалку 10 лица, повеќето ученици од основно училиште, загинаа кога камион што превезуваше железо удри во автобуска станица во предградие на Џакарта.
Учениците чекале превоз откако наставата завршила кога камионот удрил во автобуската постојка, пренесува АП.
На автобуската постојка имало околу 20 ученици.
Камионот удрил и во телекомуникациски столб, кој паднал на мотоцикли и пикап на патот, а загинал и возачот на пикапот.
Полицијата соопшти дека го привела возачот на камионот.
Причината за несреќата засега не е позната.