За поранешниот албански претседател Гледис Нано е жртвено јагне, за амбасадорката Ким силен партнер на САД

Од:

По разрешувањето на генералниот директор на албанската полиција, Гледис Нано, реагираше поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата Илир Мета и амерканската амбасадорка во Тирана, Јури Ким.

Мета во изјава за медиумите рече дека Нано е жртвено јагне.

-Во време кога се очекуваа највисоки одговорности на политичко ниво за сериозното нарушување на јавниот ред и мир, влошувањето на показателите, јасно е дека е направено последователно жртвено јагне кое пред само 10 месеци со ентузијазам беше промовирано како ветувачка нова насока за правната и граѓанската насока на државната полиција. Дури и министрите станаа жртвени јарци. Во меѓувреме, состојбата со редот и законот се влошува на екстремен начин, реагираше Мета.

Според него, разрешувањето, како денешното, не може да биде надежно за подобрување на екстремно влошената состојба со криминалот.

-Никој не може да лаже дека едно разрешување како денешното може да биде надежено за интегритетот и деполитизацијата на оваа целосно партиска институција. Време е за промена на состојбите во земјата, влошениот јавен ред и мир, убиствата кои кулминираа, состојба која ја подели Албанија на кнежевства на криминалци, нанесувајќи му штета на законот и државната полиција. Ја повикувам полицијата да не соработува со криминалните сегменти, зашто времето на законот доаѓа, рече Мета, кој на функцијата шеф на државата беше до 24 минатиот месец.

Два часа по официјалното разрешување на Гледис Нано од функцијата генерален директор на полицијата, реагираше и американската амбасада.

Амбасадорката на САД, Јури Ким, преку објава на Твитер го нарече Гладис Нано силен партнер на двете позиции што ги извршуваше „како директор на албанската државна полиција и претходно како директор на одделот против тероризам“.

Генералниот директор на полицијата Гледис Нано денеска беше разрешен од функцијата на која беше именуван пред 10 месеци по оставката на Арди Велиу. Министерот за внатрешни работи Бледи Чучи по седницата на владата изјави дека одлуката е донесена поради неисполнување на поставените цели.

Дел од медумите пренесуваат дека од Нано било побарано да поднесе оставка, што тој го одбил да го направи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски