Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево ќе игра против Грција, во контроен натпревар, како дел од подготовките за претстојното Европско првентсво во Словенија.
Овој натпревар е еден од трите кои наште репрезентативци ќе ги одиграат во германскиот град Улм на „Супер купот’’ на кој ќе настапат и домашната селекција на Германиј и репрезентацијата на Босна и Херцеговина која ќе биде и еден од противниците на Македонија на Евро-баскетот во Свловенија.
Денешниот натпревар Македонија – Грција ќе стартува од 18 часот, а во вториот од 20 часот и 30 минути ќе играат Германија и БиХ.
Утре од 14.30 часот Македонија за противник ќе ја има Германија.
Циклусот контролни натпревари избраниците на селекторот Алеш Пипан ќе ги завршат во недела со дуелот против БиХ од 17 часот.