Пронајдена дрога во Гостивар, приведени две лица

Од:

Вчера попладне околу 17 часот на улица „Фазанерија“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците 18-годишниот А.М. и 30-годишниот Ј.К., затоа што при нивен преглед, а подоцна и при претрес во домот на Ј.К., извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, дигитална вага и пет патрони за ловечка пушка, извести МВР.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски