Разрешен генералниот директор на албанската полиција

Од:

Гладис Нано денеска е разрешен од функцијата генерален директор на албанската државна полиција.

Одлуката ја соопшти министерот за внатрешни работи Бледи Чучи, по владината седница, за која рече дека доаѓа по состојбата во државата.

– Денеска Владата донесе одлука за разрешување на генералниот директор на полицијата, што е поврзано со неисполнување на целите што му ги поставивме како директорот на полицијата. Тоа е главно поврзано со ситуацијата во последните месеци, ситуација која нормално бара посилен полициски одговор, рече Чучи.

Според него до именувањето на новиот директор, должностите засега ќе ги преземе заменик директорот на полицијата, Тонин Вуцај.

Гледис Нано на функцијата генерален директор на албанската полиција беше назначен на 10 октомври минатата година, кој претходно беше на функцијата директор на Дирекцијата за антитероризам.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски