Приведец крадец во Штип

Од:

Вчера, во 08.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 33-годишниот Д.М. од Штип, кој се сомничи дека ноќта помеѓу 27 и 28 август во Штип, со употреба на алат од продажен објект одзел повеќе предмети, а на 28 август во периодот од 16 до 17 часот на улица „Маршал Тито“ во Штип од незаклучено возило „мерцедес“, сопственост на 37-годишниот П.М. од Штип, одзел повеќе предмети, соопшти МВР.

– Исто така, на 08.08.2022 одзел предмет од продажен објект во Штип. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било задржано во полициска станица, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски