Мисијата на МААЕ тргна од Киев кон нуклеарната централа Запорожје

Од:

Конвој автомобили од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утрово тргна од Киев кон нуклеарната централа Запорожје, во југоисточниот дел на Украина, јавија британските меидуми, повикувајќи се на сведок од местото на настанот.

Не е познато за кога е планирано мисијата на МААЕ да пристигне до најголемата нуклеарна централа во Европа, што сега е под контрола на руските сили.

Руската и украинската страна меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на областа на нуклеарната централа.

Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена изјави дека мисијата на МААЕ веќе отпатувала во регионот Запорожје, пренесоа руски медиуми.

Оттаму додаваат дека мисијата на МААЕ е придружувана од тим претставници на ОН.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна