САД го поздравија пристигањето на првиот танкер со жито во Џибути

Од:

САД го поздравуваат пристигањето во Џибути, земја во регионот на источна Африка, на 23.300 тони житарица од Украина со бродот „Brave Commander“, јавија денеска од Стејт департментот.

-Ова жито ќе биде дистрибуирано во Етиопија и Сомалија, земји кои се соочуваат со опасен недостаток од храна по четири години суша, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.

САД изразија благодарност за важната улога што ја играше Џибути во организирањето на текот на хуманитарната помош во регионот.

-Ова жито е дел од 68 милиони долари вредниот удел на САД во Светската програма за храна (ВФП). Ова жито е меѓу првите стасани испораки на украински земјоделски производи извезени од Црното Море што стигаат до најнеобезбедените замји со храна во светот, а од почетокот на рускиот неоправдан, сеопшт напад на Украина.

САД се најголемиот приложувач на ВФП од октомври 2021 година со досега обезбедени 5.7 милијарди долари за разните програми за хуманитарна помош.

„Украинските земјоделски производи се критични за глобалното обезбедување со храна. САД го поддржуваат договорот меѓу Украина и Русија, модериран од Турција и ОН, да се почне со повторен извоз на земјоделски производи од Украина, и внимателно го следиме спроведувањето на договорот од страна на Русија“, се наведува во соопштението.

САД повикаа Русија веднаш да ја запре војната во Украина, тоа што ќе биде во полза на надминување на тековната необезбедност со храна во светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Во нов руски напад на Украина загинаа двајца железничари

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

Путин: НАТО влегува во војна со Русија

Горан Наумовски

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски