Зеленски се сретна со експертите на МААЕ што утре треба да ја посетат нуклеарната централа „Запорожје“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев ги прими експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) што треба да ја посетат нуклеарната централа „Запорожје“.

Зеленски притоа истакна дека мисијата на МААЕ во Украина е едно од најважните безбедносни прашања за земјата, но и за целиот свет.

Тој повика на демилитаризација на нуклеарната постројка во јужниот дел на Украина што моментално е под контрола на руските трупи. Зеленски смета дека околу комплексот треба да биде воспоставена демилитаризирана зона, а централата да биде повторно вратена под украинска управа, како единствен начин за анулирање на безбедносните ризици.

Четиринаесетчлената делегација меѓународни експерти, предводена од шефот на МААЕ Рафаел Гроси, утре е предвидено да ја минат линијата на фронтот и да извршат проверка на состојбата на нуклеарните капацитети „Запорожје“.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранитирање на позиции во непосредна близина на најголемата нуклеарна централа во Европа со шест реактори за производство на електрична енергија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна