Ален Ајверсон ќе стави крај на својата кариера, откако е без клуб во НБА-лигата уште од 2010 година.
11-кратниот олстар играч во меѓувреме мина и една професионална сезона во Турција, па иако во меѓувреме беше поврзуван со неколку НБА-тимови сепак не потпиша договор, па сега реши да и каже збогум на кошарката.
„Ален реши дека е време да се каже збогум. Даде многу за овој спорт и кога веќе стана јасно дека не може да игра во НБА, донесе одлука да ја заврши кариерата“ – откри близок пријател на Ајверсон.
38-годишниот кошаркар во својата НБА-кариера настапуваше за Филаделфија, Денвер и за Мемфис, при што имаше просек од 26,7 поени и 6,2 асистенции по натпревар. Toj во 1997 година беше избран за дебитант на годинава, а во 2001 година беше МВП на лигата.