Светската федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) денеска ја објави најновата рејтинг листа на 122 најдобри светски фудбалски лиги на која Македонската прва лига се наоѓа на делба на 77.место со првенството на Гватемала.
ПМФЛ е најдобро рангирана од поранешните југословенски простори. Зад македонската лига се првенствата на Словенија, Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора.
Според Фудбалската федерација на Македонија причина за високото место што го завзема ПМФЛ на листата на ИФФХС е системот на натпреварување.
– Уште еднаш се потврдува дека трикружниот систем на натпреварување кој го воведе актуелниот претседател Хари Хаџи-Ристески на самиот старт на своето управување со ФФМ, константно дава позитивни резултати и не случајно овој систем на натпревари е предмет на интересирање на сите балкански земји бидејќи максимално ја зголеми пред се регуларноста во натпреварувањето, неизвесноста и квалитетот на натпреварите, стои во реакцијата на ФФМ по објавувањето на листата на ИФФХС.
На врвот според квалитетот е шпанската Примера Дивизија, пред шампионатите на Аргентина и на Бразил. Меѓу најдобрите пет се и англиската Премиер и италијанската Серија А.
Рангирање на фудбалските првенства од балканскиот регион:
13. Грција 324 поени
76. Бугарија 140
77. Македонија 139
82. Албанија 131
86. Словенија 126
96. Србија 118
97. Хрватска 116
115.БиХ 76,5
116. Ц.Гора 72,5.