Албанската полиција во близина на приморскиот град Валона откри и заплени 1,2 тони марихуана, јави дописникот на МИА од Тирана.
Дрогата била пронајдена во заедничка рутинска полициска контрола со припадниците на Гуардиа ди Финанца, на полуостровот Карабурун во 38 торби, подготвена да биде прошверцувана за Италија.
Приведено е едно лице кај кое полицијата пронашла и автоматска пушка „Калашњиков“.
Полицијата работи на идентификација и на други лица вмешани во шверцот со марихуаната, чие потекло, според медиумите е од селото Лазарат, познато по производство на оваа дрога.