Индиските власти денеска урнаа два незаконски изградени облакодери со висина од 103 метри во контролирана експлозија која траеше десет секунди.
Moment when Supertech Twin Towers were reduced to rubble.#ITVideo #TwinTower #Demolition @ShivAroor pic.twitter.com/byxsrGelof
— IndiaToday (@IndiaToday) August 28, 2022
Ова се двете највисоки градежни објекти кои некогаш биле урнати во Индија, а уривањето на кулите со 850 ненаселени станови во близина на Њу Делхи граѓаните го следеле од околните покриви.
Илјадници луѓе денеска добија наредба да ги напуштат своите станови во предградието на индиската престолнина Њу Делхи десет часа, пред да се урнат два незаконски изградени облакодери.
Десетици полицајци и персонал за итни случаи се распоредени за операцијата, која се очекува да трае до 15 секунди, на кулите високи 103 метри, во кои има 850 ненаселени станови, објави Ројтерс.