Русија почнува со изградба на два нови нуклеарни реактора во Унгарија

Од:

Рускиот нуклеарен гигант Росатом ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактора во Унгарија во наредните недели, јави Би-Би-Си.

Договорот постигнат меѓу Русија и Унгарија во 2014 година има за цел проширување на постојната нуклеарна централа Пакс. Таа централа моментално произведува 40 отсто од снабдувањето со електрична енергија во Унгарија.

„Нека започне изградбата!“ – порача министерот за надворешни работи Петер Сијарто во објава на Фејсбук.

Нуклеарната централа моментално се состои од четири реактори изградени во поранешниот Советски Сојуз.

„Ова е голем чекор, важна пресвртница“, додаде Сијарто. „На овој начин ќе ја обезбедиме енергетската безбедност на Унгарија на долг рок и ќе ги заштитиме Унгарците од дивите промени во цените на енергијата.

Тој објасни дека нуклеарните реактори би можеле да бидат подготвени за работа до 2030 година.

Контроверзниот проект вреден 12,5 милијарди евра во голема мера е финансиран од Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски