Македонски Телеком бележи пад на приходите

Од:

Со намалување на нето добивката резултираа движењата на приходите и трошоците во првото полугодие од 2013 година за 39,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година, што резултираше во нето добивка од над една милијарда денари, се наведува во анализата на неревидираните консолидирани финансиски извештаи на Групацијата Македонски Телеком, објавена на Интернет страницата на Македонска берза, пренесе порталот фактор.мк.

Во текот на првото полугодие на оваа година, приходите на ниво на Групација изнесуваат над 6,2 милијарди денари што претставува намалување од 9,2 отсто во споредба со истиот период во 2012 година.

Приходите од говорни услуги во фиксниот сегмент се намалија како резултат на намалениот број на корисници на фиксна телефонија за 7,4 отсто во споредба со истото полугодие од изминатата година, што резултираше во корисничка база од 274 илјади на крајот од јуни 2013 година и намалување на појдовниот сообраќај за 18 отсто доаѓајќи до износ од 292.471 илјади минути во првото полугодие од 2013 година.

Меѓутоа, како што се наведува во анализата, „ Македонски Телеком“ успеа да ја одржи својата водечка позиција на пазарот со удел на пазарот од 71 отсто (интерна проценка) во сегментот на фиксна телефонија и со удел на пазарот на широкопојасен интернет од 53,1 отсто (интерна проценка).

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката