Родител претепал професор на Факултетот за музичка уметност

Од:

Двајца скопјани претепале професор на Факултетот за музичка уметност, бидејќи ќерката на едниот од нив не го положила испитот кај него.

Вчераутрото околу 9 часот и 30 минути, додека траел испитот кај професорот Т.М., во канцеларијата влегле А.И. и А.Р. Ќерката на А.И. не го положила испитот кај професорот, па двајцата почнале да го тепаат професорот со тупаници, го удирале по главата и телото и му ја искинале колшулата.

Таткото на студентката го искршил и инвентарот во кабинетот и, заканувајќи му се на професорот, му го дал индексот за да напише проодна оценка. Истепаниот професор почнал гласно да вика на помош, па тепачите побегнале.

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР