Чадеж: Србија, С. Македонија и Албанија, раст на трговската размена и единствен пазар на труд

Од:

Србија во првата половина од годинава ја зголемила трговската размена со осум земји од регионот за 34 отсто во однос на истиот период лани, изјави претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, јави дописникот на МИА од Белград.

Чадеж за ТВ „Блумберг Адриа“ изјави дека трговската размена со шест балкански земји, Хрватска и Словенија во првите шест месеци од 2022 година изнесува 4,7 милијарди евра.

– Размената со сите земји што ги споменавме расте, не за 10 или 20 проценти, туку за 34 отсто, рече Чадеж.

Зборувајќи за трговската соработка со Северна Македонија, тој рече дека во истиот период обемот на размена е зголемен за 28,2 проценти, додека со Албанија растот е 15 отсто.

Според него, растот е резултат на олеснета трговија и поедноставување на процедурите, а следна цел е трите пазари да станат единствен пазар на труд.

– Заеднички проблем на економијата на Западен Балкан е недостатокот на работна сила, па Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ ЗБ6) ќе ги повтори своите иницијативи до владите од регионот за поедноставување на процедурите за доаѓање на странски работници за да што е можно поскоро почне да функционира заедничкиот пазар на трудот, не само во рамките на земјите од Иницијативата Отворен Балкан, туку и во другите економии од Западен Балкан, изјави Марко Чадеж, се наведува во соопштението на ПКС.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски