Бела куќа: Русија треба да се согласи да воспостави демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје

Од:

Русија треба да се согласи да воспостави демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, која е во руски раце од март, и да им дозволи на меѓународните претставници да ја проценат безбедноста на локацијата, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Жан-Пјер, исто така, објави дека за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје претходно денеска американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со шефот на украинската држава Володимир Зеленски.

Бајден разговараше со Зеленски и по повод Денот на независноста на Украина, кој беше прославен вчера. Американскиот претседател ја потврдил поддршката на Вашингтон за Украина против руската агресија.

„Знам дека ова е годишнина и на тага и на радост, но јасно кажав дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и нејзиниот народ додека се борат да го заштитат својот суверенитет“, напиша Бајден на Твитер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна