Украина соопшти дека далноводот до нуклеарната централа Запорожје е поправен.
– Поправен е последниот редовен далновод што испорачува електрична енергија на нуклеарната централа Запорожје во Украина, која е под руска окупација, соопшти организацијата за нуклеарен надзор на ОН, повикувајќи се на Украина.
Последниот далновод што ја поврзува електраната со мрежата беше прекинат двапати поради пожари во пепелниците на блиската електрана на јаглен, соопшти операторот претходно денеска. Исклучувањето на електраната го зголемува ризикот од катастрофален дефект на системите за ладење на реакторите и истрошените прачките за гориво што работат на електрична енергија.
Украинската државна енергетска компанија Енергоатом претходно соопшти дека се исклучени последните два активни реактори во украинската нуклеарка Запорожје, што е под руска окупација, откако пожар во близина оштети надземни електрични водови.
Пожарот избувна во пепелниците во термоелектраната на јаглен близу нуклеарката Запорожје, најголема во Европа. Огнените јазици оштетија водови што ја поврзуваа нуклеарната електрана со украинската електрична мрежа, соопшти Енергоатом.
Компанијата нагласи дека безбедносните системи на нуклеарката функционираат нормално и оти се работи на приклучување на еден реактор назад во мрежата.
Извор: МИА