ОН шокирани од воениот напад на железничката станица во Украина во кој загинаа цивили

Од:

Високата претставничка на ОН во Украина Дениз Браун истакна дека е шокирана од вчерашните воени напади во кои загинаа деца и други цивили во Чаплин во централна Украина и ги повика сите страни да го почитуваат меѓународното право.

– Навистина сум шокирана од нападите во кои вчера загинаа и се повредени цивили во близина на железничката станица во Чаплин. Деца беа убиени во овој напад и тие загинаа на места каде што очекуваа да бидат безбедни, во нивните домови или патувајќи со своите семејства. Да, требаше да бидат безбедни, а не беа, нагласи Браун.

Во име на Обединетите нации и хуманитарната заедница во Украина, таа упати најискрено сочувство до оние кои ги загубија своите најблиски, а на повредените им посака брзо закрепнување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите напредувале 4 километри кај Угљедар, припадниците на ВСУ побегнале од позициите

Предраг Петровиќ

Русија одби: Мировен план само според ситуацијата на теренот

(ВИДЕО) Голем напад со дронови на Русија, наредена евакуација: оштетена трафостаница кај нукеларката во Запорожје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лавров: Се однесуваат како мали деца

Катерина Ѓуровски

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД