Почина славната Невенка Кочовска од ансамблот „Мањифико“

Од:

Денеска во Скопје почина славната Невенка Кочовска, која своевремено беше дел од познатиот ансамбл „Мањифико“. Таа долги години боледуваше од Алцхајмер.

Невенка е мајка на популарните пејачки Тања и Лидија Кочовски.

Таа и нејзиниот сопруг Панче беа дел од ансамблот „Мањифико“, формиран во 1959 година и постоел до 1990 година. Групата изведувала латиноамериканска музика.

„Мањифико“ е формиран од Пантелеј Кочовски-Панче и Крсто Таушанов, тогаш ученици во Средното музичко училиште во Скопје, додека биле на младинска работна акција во Демир Капија, на јужната делница од автопатот Братство-единство, за да настапат на приредба.

Подоцна од бригадирите им се придружил Сергеј Поповски, гитарист, од музичкото училиште. Во 1960 година во музичкото училиште ја откриваат Невенка Арсова и нејзиниот прекрасен глас. Таа година квартетот го добива името „Мањифико“.

Во текот на 31-годишното постоење „Мањифико“ настапил во 37 земји на сите континенти, имал 3.700 концерти и 600 добротворни настапи, кои ги посетиле преку 7 милиони гледачи. И дискoграфската продукција на „Мањифико“ е импозантна: 28 мали грамофонски плочи, 5 албуми, 4 аудио касети, 1 видеокасета, 3 аудио компакт-дискови и 1 ДВД, речиси сите продадени во златен или сребрен тираж.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски