Свириденко: Украинската економија треба да се стабилизира следната година

Од:

Украинската економија би требало да се стабилизира следната година и да порасне за дури 15,5 отсто, во зависност од воените случувања во војната против Русија која започна на 24 февруари, изјави министерката за економија Јулија Свириденко, која ја извршува и функцијата прв потпретседател на украинската Влада.
Според неа, проценките за 2023 година во моментов се движат од намалување на активноста за 0,4 отсто, до раст од 15,5 отсто.

Како што рече, годинава економијата најверојатно ќе падне меѓу 30 и 35 проценти.

„Свесни сме дека треба да ја одржиме економијата во движење. Поради неизвесноста, многу е тешко да се прават нови прогнози. Тоа целосно зависи од военото сценарио“, рече Свириденко.

Таа додаде дека владините претставници ги составуваат во пресрет на преговорите со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во септември за нова кредитна програма.
Свириденко не прецизира колку пари Украина ќе бара од ММФ, туку само рече дека новата програма треба да биде „релативно голема“ и дека мора брзо да се договорат за неа за да добијат пристап до другите доверители и да ги смират инвеститорите.

Во првата половина на август, економскиот советник на претседателот Володимир Зеленски, Олег Устенко, рече дека заемот од ММФ од пет милијарди долари со рок на отплата од 18 месеци може да послужи како сидро за поголем пакет други кредитори во опсег од 15 до 20 милијарди долари.

Вицепремиерката на Украина ги повика земјите и институциите донатори да ги исполнат ветувањата за помош. „Од почетокот на руската инвазија, Украина доби 12,7 милијарди долари меѓународна буџетска поддршка од други земји и институции, а се очекува до крајот на годината да пристигнат уште 14 милијарди долари од веќе ветената помош“, рече таа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања