По истражувањето на „А1он“, Зајкова од ЛДП најави седница на партиските органи

Од:

Потпретседателката на ЛПД, Моника Зајкова, вели дека во најкус можен рок очекува да се свика  седница на извршниот или централниот одбор на партијата по објавеното истражување на „А1он“ дека баџанаци, другари, ученици на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, успеале да се вработат на државно, а некои од нив добиле и ангажман токму во министерството со кое тој раководи.

„Партијата ЛДП досега немала афери и скандали, секогаш била одлука на транспарентност и чесност. Во рамки на партијата, ние никогаш не сме дискутирале по однос на ангажмани на лица и слично и се надевам дека ова прашање ќе го продискутираме прво во партија, за да видиме што и како е, а потоа да може да дадеме конкретни изјави. Не сум побарала лично, партијата секогаш имала стручни и компетентни кадри и треба да се разговара и јас се надевам дека во најкус можен рок ќе биде свикана седница, барем на извршниот или централниот одбор на партијата и дека ова прашање ќе биде продискутирано со цел да се види како понатаму ќе се одвиваат работите“, изјави Зајкова за ТВ21.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Некој не сака легализација на канабисот бидејќи профитот од црниот пазар завршува во нивни џебови

А1он

Зајкова од Брисел: Македонија има целосно право да се самозаштити со европски механизми, исто како што тоа го прави деновиве ЕУ

А1он

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство