МФ: Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена

Од:

Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена. Предлог измените на Законот за финансиска дисциплина, кој е предлог на Министерството за финансии, а беше прифатен од Владата, предвидува рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор да се сведе на 30 дена од 2025 година.

„Со предлогот се предвидува постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што од 60 дена колку што изнесува сега од 1 јануари 2023 година тој рок се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 ќе се намали дополнителни 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година ќе биде 30 дена.

Се скратува рокот и за плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 90 на 60 дена. Односно со предложените измени се предлага од јануари 2023 година рокот за намирување на паричните обврски на овие субјекти да изнесува 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година да изнесува 60 дена“, соопштува Министерството за финансии.

„Измените се вршат со цел усогласување со роковите за исполнување на паричните обврски согласно ЕУ Директивата за задоцнето плаќање.
Во актуелниот Закон за финансиска дисциплина е уредено дека во деловните трансакции меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор, кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник, не може да се договори рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена.

Исто така, со него се пропишува дека во деловна трансакција кога Фондот за здравствено осигурување на Македонија и корисниците на средства од Фондот за здравствено осигурување на Македонија, јавните здравствени установи и Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетските клиники, завод и ургентен центар се јавуваат како должници, не може да договорат рок за исполнување на паричната обврска подолг од 90 дена.

Актуелниот Закон за финансиска дисциплина е на сила од мај 2014 година и со него се обезбедува сигурна наплата на побарувањата и истиот ја обезбедува ликвидноста на компаниите“, се додава во соопштението на МФ.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска