Пронајдено украдено возило во Тетово, приведен сторителот

Од:

Вчера вечер во 21.30 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово го лишиле од слобода 45-годишниот тетовец З.Д. поради сомнение дека околу 19.30 часот на улица „Гостиварска“ во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило „фолксваген поло класик“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 64-годишниот тетовец И.Ш., извести МВР.

– Taкси возилото, кое било паркирано незаклучено со клучевите во брава, нешто подоцна било пронајдено на улица „146“ во Тетово и вратено му е на сопственикот И.Ш., додека З.Д. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР