Приведена жена што крадела во Скопје, парите пронајдени

Од:

Вчера попладне, во 15.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ја лишиле од слобода 27-годишната С.П. од село Мралино, општина Илинден. Таа се сомничи дека околу 15 часот од домот на И.П. на улицата „Перо Наков“ одзела пари. Кај неа биле пронајдени парите, извести МВР.

– Таа била приведена во полициска станица и по извршените проверки било утврдено дека претходно околу 12.00 часот нејзиниот татко С.П.(53) во полициска станица пријавил дека ќерка му се оддалечила од домот, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он