Британија ќе почне со репатријацијата на Албанци кои нелегално влегле во државата

Од:

Британската влада соопшти дека ќе соработува со Албанија за брзо процесирање на документите и враќање на големиот број Албанци кои со бродови го преминале Ла Манш.

Бројот на луѓе кои пристигнаа во Британија со брод достигна еднодневен рекорд во понеделникот. Речиси 40 отсто од оние што пристигнале на овој начин во период од шест недели меѓу јуни и јули биле од Албанија, пренесоа албански медиуми.

Новите официјални податоци треба да бидат објавени денеска.

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател нагласува дека репатријацијата на Албанците ќе започне од следната недела.

„Благодарение на одличното ниво на соработка што го имаме со Албанија, ќе ја искористиме секоја можност да ја забрзаме депортацијата на Албанците кои немаат право да останат во Велика Британија“, рече Пател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година