Општина Центар: „Треска“ ја чистат сопствениците, тоа е нивна обврска, не на општината

Од:

Општина Центар најостро ги демантира „невистините изнесени од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со наводно трошење на оштински пари за расчистување на објектите во склоп на напуштената фабрика „Треска“.

„Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска пред медиумите појасни дека расчистувањето на објектите го вршат сопствениците на објектите и никој друг, кои со сопствени средства го финансираат чистењето на просторот. Општина Центар нема потрошено ниту денар од општинската каса за чистење на отпадот во напуштената фабрика. Во врска со изнесените невистини од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Општина Центар појаснува дека расчистувањето на објектите и опасните азбестни покриви од кругот на фабриката се вршат почитувајќи ги сите законски прописи и правила од страна општината, државните инспекторати и останатите надлежни институции. Градоначалникот и општината се водеа по Законот за сопственост и други сродни права, каде е регулирана приватната сопственост и обврските на истата. Жалиме што ВМРО-ДПМНЕ, како најголема опозициска партија во државата, не ги познава законите“, велат од Општината.

„Потенцираме дека во ниту еден случај градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар не се обиделе да дејствуваат спротивно на законите и да донесуваат одлуки и решенија надвор од закон. Укажуваме, доколку ВМРО ДПМНЕ е сериозна партија, час поскоро треба да престанат да изнесуваат неточни информации како обид за собирање на дневно-политички поени.

Градоначалникот Герасимовски и Општина Центар стојат на располагање и се отворени за какво било појаснување, дообјаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна и се на штета на граѓаните“, се додава во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски