Во Европа се појави нов проблем со гасот, сигнализирани нови проблеми за увозниците

Од:

Американскиот извозник на течен природен гас (LNG) Freeport LNG изјави дека нема целосно да го обнови производството во оштетената фабрика за втечнување гас до март следната година, што сигнализира нови проблеми за увозниците во Европа.

Во јуни, компанијата ја прекина работата во објект во Квинтана, Тексас, откако пукна гасоводот што предизвика експлозија и пожар. Од преголем притисок пукна гасоводот, но погоните за преработка не беа оштетени. Потоа најавија дека фабриката ќе продолжи со работа во септември, но во ограничен капацитет и дека до крајот на годината треба да достигне полн капацитет.

Во вторникот, компанијата објави дека планира да врати 85 отсто од производството во Тексас до втората половина на ноември. Целиот капацитет треба да биде постигнат до март следната година.

Фабриката сочинува една петтина од американскиот извоз на ЛНГ и е главен снабдувач на европските клиенти кои бараат алтернативни извори на снабдување. Дневно тече околу шест милиони кубни метри природен гас и со полн капацитет може да извезува 15 милиони тони течен гас годишно.

Околу 3,3 милиони кубни метри отишле во Европа од мај, наспроти 2,3 милиони во март, покажуваат податоците на аналитичката компанија Ристад енерџи. Околу 70 отсто од извозот на Фрипорт во изминатите месеци беше насочен кон ЕУ и Велика Британија, а Франција, Турција и Холандија се меѓу најголемите увозници годинава.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ